
Координати: 39.70642892051888, 19.839587601163135
| Термин: | Ноќи: | 1/2 Regular | 1/2 Economy | 1/2 Economy без тераса |
|---|---|---|---|---|
| 24.05-31.05 | 7 | 89 | 79 | 69 |
| 31.05-07.06 | 7 | 109 | 99 | 89 |
| 07.06-14.06 | 7 | 129 | 119 | 109 |
| 14.06–21.06 | 7 | 149 | 139 | 129 |
| 21.06-28.06 | 7 | 159 | 149 | 139 |
| 28.06-05.07 | 7 | 189 | 179 | 169 |
| 05.07-12.07 | 7 | 209 | 199 | 189 |
| 12.07-19.07 | 7 | 219 | 209 | 199 |
| 19.07-26.07 | 7 | 229 | 219 | 209 |
| 26.07-02.08 | 7 | 239 | 229 | 219 |
| 02.08-09.08 | 7 | 239 | 229 | 219 |
| 09.08-16.08 | 7 | 239 | 229 | 219 |
| 16.08-23.08 | 7 | 239 | 229 | 219 |
| 23.08-30.08 | 7 | 219 | 209 | 199 |
| 30.08-06.09 | 7 | 189 | 179 | 169 |
| 06.09-13.09 | 7 | 149 | 139 | 129 |
| 13.09-20.09 | 7 | 139 | 129 | 119 |
| 20.09-27.09 | 7 | 129 | 119 | 109 |
| 27.09-04.10 | 7 | 99 | 79 | 69 |
НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
* Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
* Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
* За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
* Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект
* Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
* За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени.
* За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
* Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
* Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
* Цена само за превоз 85 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
* Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
* Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
* Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект
* Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 30 евра за траект.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
* Check in во собите е после 14h по грчко време
* Check out е до 09h. Багажот се остава во определен дел во куќата
* Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
* Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата
* Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
* Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
* Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби